logo
logo
logo

Ибра се изнервира па доби црвен картон, но Милан победи во Парма (видео)

Vecer | 10.04.2021

Ибра се изнервира па доби црвен картон, но Милан победи во Парма (видео)

Екипата на Милан успеа да ја совлада Парма во гости и го продолжи патот кон Лигата на шампионите. „Росонерите“ славеа со 3:1 на „Енио Тардини“ иако во еден момент останаа без најдобриот стрелец Златан Ибрахимовиќ поради неспортско однесување. Швеѓанецот приговараше кон судијата кој му го покажа патот кон соблекувалната.
Во 8. минута Ибра одлично го пронаде Анте Ребиќ кој постигна прекрасен гол за водство на Милан. Во 44. минута Франк Кеси погоди за удвојување на водството.
Во 60. минута Ибрахимовиќ беше исклучен и „Росонерите“ останаа со играч помалку на теренот. Парма намали преку Гаљоло, a во 92 минута Рафаел Леао ги постави конечните 3:1 за Милан.
Милан е втор на табелата, а Парма е претпоследна.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk