logo
logo
logo

Иако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо!

Vecer | 12.04.2026

Иако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо!

ФОТО:.facebook.com/Inter/

Комо – Интер 3:4 е исходот од дербито на 32 коло во Серија А. Победа извојувана со шампионски пресврт на лидерот кој сега има +9 во однос на Наполи и +12 во однос на третиот Милан. До крајот остануваат уште шест кола до крајот, а тоа значи дека Интер е блиску до нова титула, или до враќање на титулата. Интересно, клубот од “Џузепе Меаца“ во последно време секоја втора сезона станува шампион.

Одличен меч, интересен, со многу шанси и голови и со голем пресврт на тимот на Кристијан Киву вечерва во Комо.

Ретко кој очекуваше вакво нешто во таа 45.минута кога домшните имаа 2:0 со головите на Вале и Паз. Сепак во 45+2.минута Тирам намали на 2:1. Што ли ќе се случеше ако Интер не намалеше на 2:1, којзнае?

Во второто полувреме Интер ја презеде контролата на настаните, следуваа головите на Тирам во 49.минута за 2:2. Дамфрис во 59.минута му донесе водство на 2:3, а истиот играч во 72.минута зголеми на 2:4.

Но, тоа не беше се. Во 88.минута домашните со голот на Да Куња од пенал дојдоа до 3:4 за драма во финишот на ова дерби. Имаа и шанси за израмнување, ја погодија и пречката, но сепак на крајот резултатот гласеше 3:4 и победа за Интер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk