logo
logo
logo

“Кралевите“ тренираат без Мбапе пред реваншот во Минхен!

Vecer | 12.04.2026

“Кралевите“ тренираат без Мбапе пред реваншот во Минхен!

ФОТО:Real Madrid C.F./FB

Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го пропушти денешниот тренинг на „кралевите“, додека се подготвуваат за реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен.
Причината за отсуството на Мбапе од тренингот на Реал е превентивна мерка, бидејќи Французинот има неколку конци на веѓата по ударот со лакт што го доби од Витор Реис на натпреварот против Џирона. Медицинскиот тим на Реал Мадрид одлучи да го изостави Мбапе од тренинг за да се спречи отворање на раната и понатамошна непријатност за напаѓачот.
И покрај повредата, Мбапе ќе биде дел од Реал на реваншот во Минхен, каде што „Лос Бланкос“ ќе се обидат да направат пресврт откако загубија со 2-1 од Баерн на „Бернабеу“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk