logo
logo
logo

И „рибарите во мрежата“ на Данска, Норвешка без милост за Полска!

Vecer | 20.01.2022

И „рибарите во мрежата“ на Данска, Норвешка без милост за Полска!

Данска дојде до два бода на стартот на главната фаза во новоформираната група во Будимпешта. Еден од главните фаворити за освојување на златниот медал, не мина лесно со Исланд, но дојде до планираната победа.

Избраниците на Николај Јакобсен славеа со 28-24 (17-14), сега имаат четири бода, исто колку и Франција. По оваа средба Исланд остана на третата позиција на табелата.

Резултатска нишалка имаше до 41. минута, по која Данска почна да го гради победничкиот пат. Со серија од 3-0 поведе со 27-22 на шест минути до крајот на мечот. Оваа позитива беше доволна за мирен финиш.

Исланд беше подобар на стартот на првото полувреме, водеше со два гола, а по изедначената игра, Данска успеа пред одморот да дојде на плус четири (17-13).

Гидсел со девет гола од десет обиди заврши како прв стрелец, Хансен и Сван имаа по пет погодоци. На другата страна Магнусон имаше осум гола.

На втората средба од истиот термин, но од групата во Братислава, Норвешка убедливо ја совлада Полска со 31-42 и запиша два бода. Тука немаше дилеми околу крајниот победник, истите беа решени по само 30. минути игра (15-21).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk