Она што долго време се најавуваше сега доби и официјализација, актуелниот светски првак Аргентина заедно со Уругвај, Парагвај и Чиле поднесоа кандидатура за организација на Мундијалот во 2030 година.

Овие земки се надеваат дека ќе бидат домаќини на Мундијалот кој ќе се одржи на 100-годишнината од првото СП. Веќе има и предлог првиот меч да се игра во Буенос Аирес во Аргентина, а финалето да се игра во Монтевидео, Уругвај.

Мундијалот во 2026 година ќе биде организиран во САД, Канада и Мексико.


sportmedia.mk