logo
logo
logo

И официјално: Македонија на 62-то место на ФИФА листата!

Vecer | 27.05.2021

И официјално: Македонија на 62-то место на ФИФА листата!

Она што го најавивме како проекција пред неколку дена, од утринава е и официјално. Имено нашата најдобра фудбалска репрезентација за месец мај се најде на 62-то место на ФИФА листата. Тоа значи дека не сме се помрднале, ни погоре ни подолу во однос на месец април кога бевме исто на 62-та позиција.

Ова е сосема очекувано, ако се знае дека во изминатиот период немаше репрезентативни активности.

За месец јуни сигурно е дека ќе има поместувања, имено на 11 следниот месец стартува ЕУРО 2020 на кое ќе учествува и Македонија.

Инаку на првото место на ФИФА листата и натаму е Белгија, следуваат Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Италија…

Нашите ривали на ЕП се на следните места на најновата ФИФА листа. Холандија е 16-то место, Австрија е 23-та сила во светот Украина пак 24-та.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk