logo
logo
logo

И официјално: Атанасковски е нов член на Шахтјор Караганди

Vecer | 15.03.2021

И официјално: Атанасковски е нов член на Шахтјор Караганди

Она што се најавуваше во изминатите неколку денови, и се оствари. Давид Атанасковски и официјално е нов член на Шахтјор Караганди, еден од најдобрите клубови во Казахстан. Денеска левиот бек и официјално потпиша договор, а потоа следуваше и промоција. Не се наведува на колку е потпишан договорот, само тоа дека клубот ангажирал квалитетен фудбалер од Македонија.

Инаку Давид Атанасковски има 24 години, роден е во Скопје, а досега во својата кариера има настапувано за екипите на Тетекс, Хоризонт Турново, А. Пандев и Македонија ЃП, од каде и направи трансфер во Казахстан.

Секако дека за ова треба да се пофалат и “лавовите“, на кои за само неколку месеци ова им е трет трансфер на нивни играч кој заминува во странство, се разбира со отштета.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk