logo
logo
logo

Хрватски фудбалер по стапките на Адеми, прифати да игра за друга селекција

Vecer | 08.05.2021

Хрватски фудбалер по стапките на Адеми, прифати да игра за друга селекција

Хрватскиот фудбалер Борна Соса, во моментов ја бранува јавноста во Хрватска по неговата одлука во иднина да игра за репрезентацијата на Германија.

Тој експресно доби пасош на Германија, и бил контактиран од фудбалската федерација, со што одговорил потврдно на повикот да биде дел од националниот тим за престојното ЕП.

Утрово бил контактиран и од хрватскиот сојуз, но им кажал за одлуката.

„Ми се јавија од ХНС и селекторот Далиќ, им ја кажав мојата одлука и веќе нема назад. Ми посакаа среќа и тука приказната заврши“, рече Соса, пренесува „24 сата“.

Соса има настапи за младите селекции на Хрватска. Тој е еден од играчите кои го прифатија повикот од друга земја, иако е роден во Хрватска. Истото го стори Аријан Адеми кој одби да настапува за Хрватска откако не се најде на списокот за Мундијалот во Бразил 2014, и прифати да настапува за Македонија, иако има настапи за младите селекции на „коцкастите“.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk