logo
logo
logo

Христов: Драго ми е за Трајковски, не знам зошто кај Нестор негативна енергија, секој да си ја гледа својата работа!

Vecer | 28.03.2021

Христов: Драго ми е за Трајковски, не знам зошто кај Нестор негативна енергија, секој да си ја гледа својата работа!

 

 

Ѓорѓи Христов не е веќе втор најдобар стрелец во историјата на нашата најдобра фудбалска репрезентација. Вечерва него го мина Александар Трајковски. Алекс со двата гола сега има 18, а Христов остана на тие 16.

Некогашната “деветка“ на Македонија, вели дека е радосен што некој се нашол да го мине неговиот гол – биланс.

“Да, навистина сум среќен. Ова е некоја нова генерација, нормално е рекордите да паѓаат. Ненормално ќе биде ако не е така. И не само Алекс, сакам и уште многу други да ги минат тие 16 голови. Кога ќе има голови тогаш Македонија победува. Драго ми е за Алекс“ уште еднаш потенцираше Христов, нашата фудбалска легенда.

Нестор имаше испад по постигнувањето на голот, потоа се “вадеше“, но навистина непотребно реагираше.

“Па, не знам што да кажам. Не знам од каде таа силна негативна енергија кај него. И против кого е таа негативна енергија, навистина не ми е јасно. Не сакам понатаму да коментирам за тоа. Секој сам си ги сноси последиците од своите постапки. Тоа е јасно“.

За моменталните случувања во репрезентацијата од поединци и меѓу ФФМ, кои очигледно е дека ескалираат, Христов истакна.

“Секој треба да си ја гледа својата работа и да не се меша во туѓата.  И тука ќе застанам зошто не сум инволивиран и не ми се познати поединостите“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk