logo
logo
logo

Холандски политичар вели дека мундијалот во Катар треба да се бојкотира

Vecer | 25.02.2021

Холандски политичар вели дека мундијалот во Катар треба да се бојкотира

Еден од главните холандски политичари Герт Јан Сегерс гостувајќи во една емисија потенцираше, дека доколку се прашува тој веднаш би дал наредба да се бојкотира мундијалот во Катар кој треба да се случи следната 2022 година.

„Наскоро ќе танцуваме на гробовите на 6500 работници кои починаа за време на изградбата на стадионите, и сите објекти кои ќе бидат во функција на овој настан. Според мене истиот треба да се бојкотира од наша страна. Ова го говорам од дното на душата“ – изјави Сегерс но и самиот не верувајќи дека тоа ќе се случи со оглед на големината на настанот, и неговото значење во светски рамки.

Токму неговата Холандија би била еден од фаворитите доколку секако пствари пласман во преку квалификациите во кои е во група со Турција, Норвешка, Црна Гора, Латвија  Гибралтар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk