logo
logo
logo

Херта со убедлива победа избега од дното

Vecer | 06.05.2021

Херта со убедлива победа избега од дното

Во заостанатиот меч од германската Бундес лига Херта со убедливи 3:0 го совлада Фрајбург и за момент избега од опасната зона. „Берлинците“ вечерва одигра одлично и ја запишаа седмата победа во првенството па со тоа ја прекинаа и серијата од три нерешени резултати.  Пјонтек ја отвори гол-серијата, ја продолжи Пекарик во првото полувреме, а ја заокружи Радоњиќ во 85. минута.

Херта се уште не е сигурна. Со меч помалку има 30 бода на 14-тата позиција, а исто толку имаат и екипите под неа Вердер и Арминија Билефелд. Претпоследниот Келн има 29 бода.

До крајот треба да се одиграат уште четири кола. Во недела Херта ќе игра со директниот ривал за опстанок Арминија и тоа на домашен терен.

Фрајбург е во сигурната зона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk