Пеп Гвардиола секојдневно е во центарот на вниманието, најмногу поради серијата на лоши резултати во Премиер-лигата и во Лигата на шампиони. Шпанскиот стратег на кормилото на Манчестер Сити пред извесно време пред камерите се појави со крвав нос и лузни по главата, тогаш одлучи да се пошегува и да не ја каже целата вистина.
Неговиот ваков изглед, како и „шеговито“ објаснување зошто така се појавил во јавноста, предизвика бурни реакции. Поради ова, Пеп набрзо се извини. Тој изрази жалење што се исмева со самоповредување бидејќи, како што нагласи, тоа е сериозен проблем.
Сега, речиси три недели подоцна, тој сериозно објасни од каде му се сите тие рани на главата:
„Што се однесува до лузните на главата, имам проблеми со кожата. Поради болеста две-три години пијам антихистаминици. Носот го исеков со нокти, но второто не го направив јас“, објасни тој.