logo
logo
logo

Гвардиола: Ова е нешто ново, ние не сме тим кој победува со голови во судиското продолжение

Vecer | 20.10.2024

Гвардиола: Ова е нешто ново, ние не сме тим кој победува со голови во судиското продолжение

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги пофали играчите по победата над Вулверхемптон со 2:1 со гол на Џон Стоунс во судиското продолжение, поточно во 95 минута. Претходно Вулверхемптон водеше, а Сити изедначи преку Јошко Гвардиол. Со тоа Сити стигна и до клупски рекорд, 31 меч без пораз во Премиер лигата.
Не сме навикнати да победуваме на крајот како Ливерпул под водство на Јирген Клоп кога тоа им се случуваше многу пати. Добро чувство за нас. Ние не сме тим што победува на крајот, но нашиот настап денес беше извонреден. Тие беа агресивни. Волвс имаа 11 играчи пред голот и беше многу тешко. Со начинот на кој играме со години, тимовите решија да го користат тој стил против нас, но ние бевме трпеливи“, изјави Гвардиола.

Секако дека го гледаме пласманот, но по 10 или 12 кола во Премиер лигата не мора да гледате на табелата бидејќи многу рано. Убаво е да се победи, добро се чувствуваш на првата позиција, Ливерпул сега треба да одговори“, додаде тој.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk