logo
logo
logo

Гвардиола: Минатото е за дедовци, сегашноста вели нешто друго!

Vecer | 01.04.2023

Гвардиола: Минатото е за дедовци, сегашноста вели нешто друго!

Манчестер Сити и Ливерпул денеска (13:30 часот) ќе ги одмерат силите во дербито на 29 коло во Премиер-лигата. „Граѓаните“ имаат меч помалку од Арсенал кого очајно се обидуваат да го симнат од првото место на табелата. Сето ова оди тешко бидејќи имаат осум бода помалку. На другата срана Ливерпул се врати во трката за Лигата на шампиони во која на патот го имаат Тотенхем. „Црвените“ се наоѓаат на шестото место со 42 бода, седум помалку од четвртопласираниот тим.

Голем дел од навивачите се убедени дека Сити ќе успее да ја одбрани титулата, но Пеп Гвардиола на прес-конференцијата ги отфрли овие теории.

„Повеќе би сакал да бидат во позицијата во која се наоѓа Арсенал, без искуство во освојувањето на Премиер-лигата, отколку во ситуацијата во која се наоѓам сега со искуство од четири освоени титули во пет години. Минатото е минато, искуството не значи ништо, ама баш ништо верувајте ми. Она што се случуло во минатото не значи ништо во ваквите ситуации. Минатото е за спомени, за дедовци и тоа е во ред. Важна е само сегашноста, а таа вели дека Арсенал има осум бода предност. И кога навивачите ќе дојдат на дуелот со Ливерпул, ги интересира само сегашноста, а не она што било претходно“, изјави Пеп Гвардиола.

Гвардиола веќе неколку пати изјави дека Арсенал е фаворит за шампионската титула, што дел од англиските медиуми го протолкуваа како притисок врз тимот на неговиот поранешен помошник Микел Артета и дека на негова страна ќе преовладува искуството од освојување титули.

„Воопшто не се согласувам со тоа. Искуството во овие ситуации нема никаква врска. Секоја сезона е различна и секој натпревар е различен. Никогаш не навлегував во ниту една од нив со мислата дека ќе го добијам поради искуството што го имам имаат од минатото. Тоа е погрешно размислување и затоа никогаш не се водам од историјата, ниту во добра ниту во лоша смисла“, заклучи Гвардиола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk