logo
logo
logo

Гвардиола: Да останеше Нејмар на „Ноу Камп“, Барса ќе освоеше уште 2-3 титули во ЛШ

Vecer | 27.04.2021

Гвардиола: Да останеше Нејмар на „Ноу Камп“, Барса ќе освоеше уште 2-3 титули во ЛШ

Утре во полуфиналето на ЛШ ќе се соочат Манчестер Сити и Пари Сен Жермен. Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола упати пофални зборови за Нејмар и притоа наговести дека најголемата опасност од париската екипа ќе доаѓа токму од Бразилецот. Пеп вели дека Барселона можела да освои уште две до три титули во Лигата на шампионите доколку Нејмар останал на „Ноу Камп“. Гвардиола беше на клупата на „каталонците“ и изгради супер тим, а потоа си замина од таму. Во меѓувреме Нејмар отиде во ПСЖ.

Гледавме клипови на Нејмар во Сантос.  Сите бевме со подзинати усти. Беше вистинско уживање да се гледа Нејмар. Тој то има цел Бразил на плеќите, а да се носи дресот со број 10 не е лесно. Ако тој останеше на „Ноу Камп“, Барселона сигурно ќе освоеше уште две или три титули во ЛШ. Тој, Меси и Суарез беа најдоброто напаѓачко трио на Барса.
Некои наши играчи првпат играат полуфинале на ЛШ, затоа мораме да внимаваме на противникот кој е многу опасен. Погледнете што му направија на Баерн минатата рунда. Баерн изгуби по 50 точни шутеви. ПСЖ ги елиминира „Баварците“ со четири или пет удари. Фудбалот е непредвидлив. Можеш да имаш многу убави шанси, а потоа да го изгубиш мечот. Затоа мораме да внимаваме и бидеме прецизни кога ќе ни се пружи убава шанса“, изјави Пеп на прес конференцијата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk