logo
logo
logo

Гвардиол застана пред италијанските новинари, но подобро да не го стореше тоа!

Vecer | 19.09.2024

Гвардиол застана пред италијанските новинари, но подобро да не го стореше тоа!

Сити и Интер, кои лани ги гледавме во финалето на Лигата на шампионите, одиграа дерби кое се очекуваше да биде многу повеќе од она што го видовме на крајот.

Иако Манчестер Сити доминираше во однос на поседот, сепак на крајот избраниците на Пеп Гвардиола не успеаја да го скршат отпорот на гостите од Апенините. Домашните имаа неколку убави шанси.

По натпреварот беше јасно дека „граѓаните“ не се задоволни од ремито, а Јошко Гвардиол, кој повторно играше од првата минута, даде свој осврт за вчерашната пресметка за италијанските новинари во микс зоната.

Гвардиол изјави дека играчите на Манчестер Сити биле свесни дека ги очекува тежок противни.

„Ги знаевме нивните квалитети и дека се добар тим. Бевме свесни дека нема да биде лесно, а особено тоа ни го кажаа момците кои играа финале со нив минатата година“, изјави Гвардиол.

Тогаш новинарот го праша хрватскиот претставник за кој тим загуби овој резултат два бода, а кој се радуваше на освоениот бод.

„Не ме прашувајте тоа, прашајте некој друг“, додаде Гвардиол, а потоа ја напушти микс зоната.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk