logo
logo
logo

Гундоан: Велат дека не сум Германец, не сум бил ни Турчин. Тогаш, што сум?

Vecer | 28.04.2021

Гундоан: Велат дека не сум Германец, не сум бил ни Турчин. Тогаш, што сум?

Илкај Гундоан ја игра својата најдобра сезона во својата кариера во дресот на Манчестер Сити. Исто така игра и за репрезентацијата на Германија, се сеќавате дека од пенал ни даде гол за 1:1 во Дуизбург, меч кој заврши со наша победа од 2:1.

И покарај огромните привилегии кои ги има како фудбалер овој германски репрезентативец со турски корени, сепак има и проблеми, и тоа тој тоа го кажува јавно:

Искрено себе си се сметам за Турчин, но некои Турци се прашуваат дали јас наивистина сум тоа. Тоа е многу лошо чувство, јас сум дел од двете земји, но понекогаш сум заглавен некаде во средина. Велат дека не сум целосно и Германец, дека не сум ни Турчин, па добро, што сум јас тогаш?“.

Гундоан кога стигнал во Борусија Дортмунд, многумина го гледале со потценување.

Никогаш нема да заборавам на еден момент. Барав стан во градот и слушнав (позади грб) како луѓето говорат за мене. `Гундоан? Тој е Турчин. Ќе може ли да си го дозволи овој стан`. Кога им кажав дека сум фудбалер тогаш ми рекоа – `Повелете господине, ве молеми влезете, ние сме ви на располагање`. А и тие беа емигранти. Навистина тажно и жалосно“, заврши фудбалерот на Сити и репрезентацијата на Германија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk