logo
logo
logo

Грузија има нов селектор: Вили Сањол седна на местото на Владимир Вајс

Vecer | 15.02.2021

Грузија има нов селектор: Вили Сањол седна на местото на Владимир Вајс

По поразот во финалето од Лигата на Нации од нашата репрезентација и неуспехот за пласман на завршницата на европското првенство кое ќе се одржи оваа година, селекцијата на Грузија го смени селекторот Владимир Вајс.

Според последните информации во локалните медиуми, на кормилото на грузискиот национален тим во иднина ќе седне екс-дефанзивецот на француската репрезентација и некогашна ѕвезда на Баерн Минхен, Вили Сањол.

Тој денеска потпиша двегодишен договор со Грузиската федерација, со опција за продолжување на уште две. Сањол (43) нема извршувано тренерска работа цели 4 години. Последен пат тој беше тренер во 2016 година кога го напушти Бордо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk