logo
logo
logo

Гранит Џака во вербален конфликт со фановите на Леверкузен!(ВИДЕО)

Vecer | 02.04.2025

Гранит Џака во вербален конфликт со фановите на Леверкузен!(ВИДЕО)

Навистина неверојатно е како Леверкузен, актуелниот шампион во Германија успеа да биде елиминиран во 1/2 финалето во Купот на Германија синоќа и тоа од третолигашот Арминија.

Ова секако дека тешко им падна на фановите на тимот од Леверкузен кои имаа и тоа што да му кажат на еден од најдобрите играчи на својот тим, Гранит Џака.

На видеото убаво се гледа како еден фан се расправа со репрезентативецот на Швајцарија по поразот во Билефелд со 2:1 и тоа од третолигашот Арминија.
Не е јасно што си кажаа, ама дека беше напнато тука нема дилеми.

Инаку Арминија е хит оваа сезона во Купот на Германија. Овој третолигаш до финалето успеа да елиминира дури четири Бундеслигаши и тоа Вердер, Фрајбург, Унион Берлин и сега Леверкузен.

Неверојатно. Ова во Македонија никогаш нема да се случи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk