logo
logo
logo

Гранеруд победи но го дисквалификуваа поради костумот, првото место го „грабна“ Кобајаши

Vecer | 19.02.2021

Гранеруд победи но го дисквалификуваа поради костумот, првото место го „грабна“ Кобајаши

Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд победи на скокалницата во романски Рашнов во рамките на Светскиот куп, меѓутоа по половина час тој е дисквалификуван, па победата ја однесе јапонскиот скокач Роју Кобајаши. Второто место му припадна на Камил Стох, а трет е Германецот Карл Гајгер. Утврдено  е дека скијачкиот костим на Гранеруд не бил по прописите и тој е дисквалификуван. Од истите причини е дисквалификуван и Маркус Ејсенбихлер, вториот во генералниот пласман.

Поради тоа дојде до промена на табелата во конечниот пласман на скокалницата во Рашнов.

И покрај дисквалификацијата Гранеруд е прв со 1544 поени, втор е Маркус Ејсенбихлер со 1018 поени, а трет Камил Стох со 944.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk