logo
logo
logo

Готово е: Јамал утре потпишува нов договор со Барса со важност до 2031!

Vecer | 26.05.2025

Готово е: Јамал утре потпишува нов договор со Барса со важност до 2031!

Иако се најавуваше дека тоа ќе се случи на неговиот роденден, на 13 јули кога ќе наполни 18 години, вечерва медиумите во Шпанија, па и фамозниот Фабрицио Романо најавуваат дека тоа Ламине Јамал во текот на утрешниот ден ќе стави потпис на новиот договор со Барселона.

Во текот на денешниот ден се било договорено, сите детали биле прецизирани, па според двете страни немало потреба да се чека.

Јамал со новиот договор ќе биде член на Барселона до 2031 година. Откупната клаузула ќе биде милијарда евра. Годишно ќе добива 20 милиони евра и плус разни бонуси што веројатно ќе го направи најплатениот фудбалер на Барселона.

ФОТО: ФЦ Барселона/ФБ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk