logo
logo
logo

Готово е - Интер официјално стана шампион на Италија! (видео)

Vecer | 02.05.2021

Готово е - Интер официјално стана шампион на Италија! (видео)

Интер со победата над Кротоне вчера се најде на бод до освојување на „скудетото“ во Серија А. Меѓутоа математиката кажуваше дека Интер ќе се закити со титулата доколку Аталанта не успее да победи кај Сасуоло денеска.

Токму тоа и се случи. Тимот од Бергамо одигра 1:1 против Сасуоло со што го промовира Интер во нов шампион на Италија. Четата на Антонио Конте уште вчера го почна шампионското славење, а денеска ќе биде уште пожестоко затоа што и математички е заверена титулата.

Интер по 19. пат е првак на Италија, а првпат по 2010 година и онаа генерација која предводена од Жозе Мурињо ја освои тројната круна (Серија А, Купот и ЛШ).

На другите денешни мечеви Наполи одигра 1:1 со Каљари. Гостите од Сардинија освоија бод благодарение на гол во последните секунди од мечот. Претходно за Наполи стрелаше Осимен. Елмас ги одигра последните 10 минути од мечот.

Во Болоња шест гола. Болоња и Фиорентина одиграа 3:3, а во претходно Лацио ја совлада Џенова со 4:3. Вечер играат Удинезе-Јувентус и Сампдорија-Рома.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk