logo
logo
logo

Готово е: Дешамп утре ќе објави дека си оди, ама по СП 2026! Се знае и наследникот?!

Vecer | 07.01.2025

Готово е: Дешамп утре ќе објави дека си оди, ама по СП 2026! Се знае и наследникот?!

Последните информации од Франција велат дека Дидие Дешамп, селекторот на Франција, утре и официјално ќе објави дека си заминува од местото селектор на “триколорите“, ама по СП 2026 година.

Тој веќе ја донел таа одлука и дека нема веќе што да се размислува.

Ова секако дека најмногу ќе го израдува Зинедин Зидан, кој не крие дека едвај чека да ја преземе таа функција.

Инаку Дешамп со Франција на СП 2018 во Русија беше светски првак, а на следниот Мундијал, во Катар 2022 неговата Франција беше поразена во финалето од Аргентина.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk