logo
logo
logo

Гостивар пред МЗТ Скопје најде начин како да ги спои играчите и фановите: Не може со сила против магија!

Vecer | 17.05.2022

Гостивар пред МЗТ Скопје најде начин како да ги спои играчите и фановите: Не може со сила против магија!

Гостивар по инцидентот против Пелистер доби забрана за играње пред публика во следните два меча. Првиот овој тим го игра веќе утре против актуелниот првак, МЗТ Скопје. Овој дуел и последниот од Супер-лигата се важни за место во плеј-офот, а конкуренцијата е силна и тесна, тука се и тимовите на ТФТ и Еуро Никел.

Бидејќи фановите не можат од лице место да ги бодрат своите кошаркари, од клубот најдоа начин како да се пренесе атмосферата од надвор во салата.

„Уште еден потег за историја на фановите и симпатизери на КК Гостивар.
Покрај забраната за публика во Младост утрешниот натпревар против МЗТ Скопје ќе биде проследен на видео бим од паркингот кај ДТВ, атмосферата на ДТВ ќе ја слушаат и самите кошаркари кои ќе играат на теренот, затоа што ќе има звучници во сала.
Натпреварот наместо во 18 часот ќе се префрли во 19 часот
Исто така мора да напишеме и една порака од самите навивачи: Ако не смееме да влеземе во сала, салата ќе ја донесеме кај нас!
Сега е веќе и официјално, Гостивар е убедливо најкошаркарскиот град во Македонија!
Напред Гостивар!!!
Сите во ДТВ заедно да докажеме дека:
Неможе со сила против Магија“, информираат од Гостивар на својата официјална страница.
Инаку првиот меч од претпоследното коло во Супер-лигата се игра вечерва (20 часот), Феникс е домаќин на ТФТ. Тимот од Тафталиџе мора да ги освои бодовите доколку сака оваа сезона да направи уште еден историски чекор по освојување на Купот на Македонија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk