logo
logo
logo

Горан Пандев: Среќен сум што дојдов до 100-тиот гол!

Vecer | 21.04.2021

Горан Пандев: Среќен сум што дојдов до 100-тиот гол!

И покрај тоа што неговиот тим Џенова вечерва не успеа да го победи Беневенто, Горан Пандев беше во центарот на вниманите по мечот кој заврши со резултат 2:2. Така е откако ги даде двата гола и стигна до 100 голови во Серија А.

Пандев по мечот за тамошните медиуми истакна:

„Секако дека сум среќен што дојдов до 100-тиот гол во Серија А. Во Италија сум долго време, искрено не помислував дека ќе дојдам до оваа бројка. И среќен сум што тоа го постигнав во дресот на Џенова. Што да кажам за мојата иднина. Мојата намера е после ЕУРО да ја завршам кариерата. Сепак треба да разговарам со претседателот и спортскиот директор на Џенова“ посочи Пандев.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk