logo
logo
logo

Горан Пандев: Срамно и жално.... Доста се криете зад нашите репрезентативни успеси, ова во Македонија не е фудбал ова е класичен аматеризам, размислувам да се повлечам

Vecer | 14.02.2021

Горан Пандев: Срамно и жално.... Доста се криете зад нашите репрезентативни успеси, ова во Македонија не е фудбал ова е класичен аматеризам, размислувам да се повлечам

Распука Горан Пандев по она што се вели раководни структури на Фудбалската Федерација на Македонија.
Очигледно по вчерашниот пораз на Академија Пандев од Работнички на домашен терен во рамките од првото коло во пролетниот дел од шамоионатот од 0:1, меч кој се играше во исклучително тешки услови и под снег очигледно дека на Горан Пандев му „прекипе“. Особено што останатиот дел од ова коло, е одложено со оглед на временските неприлики кои веќе два дена беснеат во нашата држава. Ќе се чека подобар тајминг, терените да се исчистат, да се создадат услови. ПА така, испаѓа дека само Академија Пандев излезе поразена од сето ова, затоа што мораше да го одигра мечот во катастрофални услови, загуби, и е во огромни проблеми на резултатски план.

„Жално и срамно уште еднаш покажавте и докавте дека вие не сте луѓе од фудбалот, луже што не му мислат добро на фудбачот во Македонија, туку ве интересиираат само вашите лични интереси и затоа носите вакви одлуки.

доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата  сигурно паметот ви е уште во огромните премии кои ги поделивте на наш грб на грбот на репрезентацијата и сите ние што гиневме во рњепрезентативниот дрес. излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата (аматерска) лига колку им помогнавте во овој тежок период. подготвен сум доколку не се сменат некои нешта ако клубовите не одлучуваат во фудбалската федерација да се тргнам на страна“ – изјави Горан Пандев на социјалните мрежи. 

Очигледно дека нашиот репрезентативен капитен е исклучително разочаран од состојбите во мак фудбалот особено оние клупските. Досега молчеше но очигледно дека оној снежен пораз на домашен терен ја прели чашата и реши да крене глас. Се заканува и со откажување од инвестициите во клубот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk