logo
logo
logo

„Големите“ ја користат кризата на Борусија и ги „крадат“ Санчо и Халанд на лето

Vecer | 14.02.2021

„Големите“ ја користат кризата на Борусија и ги „крадат“ Санчо и Халанд на лето

Во таборот на Борусија Дортмунд не е се како „подмачкано“. Тимот има голема „дупка“ во приходите предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Нема навивачи, нема пари, па така „милионерите“ бараат спас. Згора на тоа проблематично е тоа што засега тимот од Дортмунд е далеку од излез во Лигата на шампионите следната сезона. Тоа ќе значи и уште помалку пари, а тоа е веќе голем проблем.

Затоа веројатно, Борусија ќе мора да се сврти кон продажба на своите „ѕвезди“, а големите клубови само чекаат да ја искористат шансата. Јасно е дека ако Дортмунд не излезе во ЛШ, ќе мора да продаде еден од играчите Халанд или Санчо, а можеби ќе бидат продадени и двајцата.

Халанд е блиску да го облече дресот на Реал Мадрид, барем така велат последните информации. Во таборот на „кралевите“ нема криза поради пандемијата, па така ќе купуваат на големо, особено после оваа неуспешна сезона и загубениот трофеј во Ла Лига. Сити исто така го сака Халанд како замена за Агуеро во нападот.

Санчо, пак, одамна се поврзува со трансфер во Јунајтед, но на крај би можел да заврши во Челзи или Сити.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk