logo
logo
logo

Ѓорѓиев: Наша обврска е да играме максимално

Vecer | 21.05.2021

Ѓорѓиев: Наша обврска е да играме максимално

По три порази во финалните натпревари, Македонија вечерва почнува со нова мисија – злато во Европската Сребрена Лига 2021. Со нескриени амбиции Македонија вечерва против Кипар го започнува првиот турнир во групата „А“ кој се одржува во Струмица.

Во денешното прво коло, премиерата од 17 часот ќе ја имаат Израел и Данска, а Македонија од 20 часот ќе тргне против Кипар. Нашиот состав е најдоброрангиран, а капитенот Никола Ѓорѓиев вели дека добрата серија резултати мора да продолжи.

„Ние сме во одлична серија резултати. Ако се сметаат натпреварите на дебитантското европско првенство за нас, во 2019 во групата во Љубљана, како и квалификациите за претстојното во септември, ние имаме пет победи на последните шест меча. Тоа е обврска за нас да играме максимално и во групната фаза од Европската сребрена лига, а потоа на завршниот турнир да дојдеме до златниот медал. Тоа ќе биде одлична најава за Европското првенство 2021“, вели македонскиот капитен Никола Ѓорѓиев, кој досега трипати го предводеше тимот во финалето на Европската лига, но ниту еднаш до победа.

фото: CEV.eu


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk