logo
logo
logo

Ѓоковиќ бара „меур“ за тенисерите, ист каков што имаа во НБА лигата

Vecer | 16.02.2021

Ѓоковиќ бара „меур“ за тенисерите, ист каков што имаа во НБА лигата

Првиот светски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ предложи да се создаде „меур“ за тенисерите, сличен на оној во НБА минатата година, за играчите да не мораат да влегуваат постојано во карантини пред почетокот на секој турнир.

„Чекам одговори. Сакам да видам како ќе изгледа продолжението на сезоната по Австралија, бидејќи ова што се случува дефинитивно не е добро за играчите и нивното здравје. Јас не обвинувам никого, јас само зборувам за тоа што се случува, ја кажувам вистината и мора да разговараме за тоа. Може да се направи нешто како „меурот“ што беше во НБА, бидејќи слушнав како играчите зборуваат за тоа. Немам ништо против да разговарам за оваа идеја. Нека изберат едно место, а ние ќе ги играме сите турнири на една површина и на едно место со паузи за одмор. Не знам дали ќе успее, но ние само треба да разговараме за опциите“, вели Србинот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk