logo
logo
logo

Ѓока по победата над Вардар: И овој меч покажа дека нема лесни натпревари

Vecer | 28.02.2021

Ѓока по победата над Вардар: И овој меч покажа дека нема лесни натпревари

Шкендија денеска ја оствари 13-тата сезонска победа. Совладан беше Вардар со 2:1 во меч во кој тетовци доста се намачија за да ги прокнижат новите три бода.

Тренерот на тимот, Ернест Ѓока по мечот вели дека трите бода биле најважна цел, без разлика на начинот на кои се освоени.

„Мислам дека требаше да бидеме поагресивни и да разбереме дека ниту еден натпревар не е лесен. Иако тимот на Вардар годинава има многу проблеми, не требаше да мислиме дека лесно ќе ги добиеме. Мора да бидеме секогаш 100% точни и фокусирани. Но, сепак најважно во првенството е да се освојат тие три бода. Успеавме да ги освоиме и продолжуваме да бидеме фокусирани и многу внимателни затоа што шампионатот станува се посилен“, вели стратегот на Шкендија.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk