logo
logo
logo

Ѓока: Добро е, се оди според планот

Vecer | 11.04.2021

Ѓока: Добро е, се оди според планот

Тренерот на тетовските „црвено-црни“, Ернест Ѓока, по денешната победа над Ренова со 3:0 во локалното дерби, вели дека Шкендија го продолжува успешно планот во првенството, забележувајќи ја 17-тата победа сезонава.

„Сите натпревари се важни и овој со Ренова беше таков, бидејќи пред се беше градско дерби. Значи, важно беше да се победи. Шампионатот е се уште отворен, но денес натпреварот помина добро, тимот работеше добро особено во второто полувреме кога сè беше под контрола. Сега мора да се смириме, да се опуштиме и да се подготвиме за среда кога ќе имаме нов притисок за добар резултат“, вели тренерот на тетовци.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk