logo
logo
logo

Ги пцуеше Македонците и Србите, па остана без трансфер во Зенит!

Vecer | 21.06.2025

Ги пцуеше Македонците и Србите, па остана без трансфер во Зенит!

Мирлинд Даку, репрезентативецот на Албанија и тоа како се “прослави“ на ЕВРО 2024 минатата година во Германија. Имено по мечот со Хрватска, тој отиде кај своите фанови, го зема мегафонот и упати пцовки кон Македонците и Србите.

Тоа беше шок за сите во Европа, а јасно беше дека следува казна, и УЕФА го казни.

Инаку тој и натаму продолжи да го носи дресот на рускиот Рубин, иако и овој клуб го казни Албанецот за глупостите што ги направи на ЕП.

Пред неколку дена излезе информација дека Даку е блиску до трансфер во Зенит, во таборот на рускиот гигант.

Сепак тој трансфер не се реализира и тоа како казна поради минатото на албанскиот фудбалер.

Ринат Билјалетдинов, стратегот на Зенит објасни зошто Даку нема да го види Зенит и Санкт – Петербург:

Мислам дека клубот донесе вистинска одлука, со оглед на минатото на Даку. Во даден момент тоа би можело негативно да се одрази на тимот. Друга работа е зошто клубот размислувал за таков трансфер кој бил темпирана „бомба“ во соблекувалната, а јас тоа секако дека не го сакам. Да не заборавиме дека во Зенит играат неколку српски играчи, како Ераковиќ, Мисимовиќ, Здјелар..“ рече покрај другото стратегот на Зенит.

Челниците на клубот од Санкт Петербург одлучија дека е подобро да не го трансферираат Албанецот во нивните редови поради тетоважата што ја има Даку.

Имено, станува збор за тетоважа што ја покажува честа на командантот на таканаречената „Ослободителна војска на Косово“, Агим Рамадани - Катана.

„Според извештаите, тетоважата била значаен фактор во одлуката на раководството на Зенит да се откаже од трансферот, иако деталите биле договорени“, објави руската веб-страница без да се повикува на извори.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk