logo
logo
logo

Германците „наострени“: Само три победи над Исланд, Романија и Македонија ќе не „исперат“ за срамот со Шпанија

Vecer | 23.03.2021

Германците „наострени“: Само три победи над Исланд, Романија и Македонија ќе не „исперат“ за срамот со Шпанија

Германија овој март има само една цел на стартот на квалификациите за СП 2022 – три средби – три победи! Со ваков став излезе и селекторот на „панцирите“, Јоаким Лев, кој вели дека по дебаклот со Шпанија во ноември минатата година, Германија мора да покаже сила и да ја врати довербата кај навивачите.

Германците се домаќини на Исланд во четврток во Дуизбург, по што ги очекуваат и мечеви со Романија на гости во недела, а потоа и со Македонија три дена подоцна повторно во Дуизбург.

„Сакаме да ја започнеме европската година со големи настапи и повторно да ги задоволиме нашите навивачи“, рече Лев.

„Нашата амбиција и цел е да се најдеме во добра почетна позиција со три победи“, дополни тој.

Според Лев, на Германија и требаат убедливи победи за да ја врати вербата кај своите навивачи по дебаклот од Шпанија од 6-0 во ноември, што беше најтешкиот пораз на Германија од 1931 година.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk