logo
logo
logo

Герет Бејл: Самиот видов ВОНЗЕМЈАНИ!

Vecer | 07.04.2021

Герет Бејл: Самиот видов ВОНЗЕМЈАНИ!

Герет Бејл уште еднаш потврди дека е необична личност. Тој неколку години беше во Реал Мадрид. Никогаш не се потруди да научи шпански, имаше проблеми со дисциплината, беше на удар на фановите на “кралевите“, во конфликт со Зинедин Зидан. Сега е на позајмица во Тотенхем, но и натаму како да му е баш гајле за фудбалот. Па така за клупскиот канал на Тотенхем, даде по малку шокантна изјава, поврзана со НЛО.

Повеќе од јасно е дека денеска во светот постојат повеќе теории на заговор, но исто така знам дека постојат снимки и фотографии со НЛО. Тоа го објавија властите на САД. Тоа не се лажни вести. Исто така сум сигурен дека постојат и вонземјани. Некој ги крие. Сепак бидете уверени дека јас самиот сум видел вонземјани“ изјави Велшанецот, кој до пред извесно време важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk