logo
logo
logo

Георгиевски со Македонското знаме на чело на ОИ во Токио

Vecer | 15.05.2021

Георгиевски со Македонското знаме на чело на ОИ во Токио

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски и ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на Олимписките игри во Токио (Јапонија) кои се очекува да се одржат годинава од 23 јули до 8 август.

Оваа информација ја пренесува тренерот на таеквондо клубот „Бутел“, Дарко Костовски, на својот фејсбук профил.

– Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио – стои во објавата на Костовски.

Потсетување дека Георгиевски на квалификацискиот турнир во Софија (Бугарија) ја обезбеди олимписката норма, во големото финале со резултат 13:6 го совлада актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.

Тој е вториот македонски олимпиец учесник во Токио, претходно борачот Могамедгаџи Нуров се избори за норма.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk