logo
logo
logo

Гана дефинитивно без Мохамед Кудус на Мундијалот

Vecer | 26.05.2026

Гана дефинитивно без Мохамед Кудус на Мундијалот

Поради повреда, играчот на Тотенхем, и интернационалец на Гана, Мохамед Кудус, ќе го пропушти претстојниот Мундијал поради повреда на мускулот на ногата.

Селекторот на оваа афричка репреземтација Карлош Квеирош го објави конечниот список, на кој за жал на тамошната јавност, Кудус не се наоѓа.

Гана од друга страна ќе биде предводена од Антоан Семењо, звездата на Манчестер Сити, како и играчот на Виљареал, Томас Парти.

Меѓу попознатите играчи кои нема да патуваат на првенството се Андре Ају, Џозеф Пеинтсил, Мохамед Салису, Тарик Лампти, Салис Абдул Самад и Маџид Ашимеру.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk