logo
logo
logo

Фудбалскиот свет може да здивне: САД издаде визи за експедицијата на Иран

Vecer | 06.06.2026

Фудбалскиот свет може да здивне: САД издаде визи за експедицијата на Иран

фото: Megatron (X)

Во моменти кога помеѓу двете држави и тоа како има големи тензии, воен конфликт, и проблем кој што допрва треба да се решава, репрезентацијата на Иран, мораше да добие и официјална дозвола за да влезе во САД, и да настапи на претстојниот Мундијал кој што оваа земја го организира заедно со Мексико и Канада.

Преговорите, процедурите траеа повеќе месеци, иранците лесно можеше и да не отпатуваат за САД, но ете полека нештата се средуваат.

Последната информација е дека од амбасадата во Анкара, Турција, издадени се визите за влез на иранците во САД, поточно за целата експедиција која што е најавена.

Официјалната информација ја потврдија од Белата куќа, а ја пренесе Ројтерс. Со ова конечно е решено едно од најголемите отворени прашања, а воедно и едно од последните поврзано со Мундијалот кој што започнува на 11 јуни.

Иран е во групата Г заеднон со Нов Зеланд, Белгија и Египет.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk