logo
logo
logo

Еве како ќе биде на СП: Играш, а потоа пауза од час и половина?!(ВИДЕО)

Vecer | 06.06.2026

Еве како ќе биде на СП: Играш, а потоа пауза од час и половина?!(ВИДЕО)

printscreen

Синоќа пријателски меч одиграа селекциите на Саудиска Арабија и Порторико. Саудиска Арабија победи доста лесно, а конечниот резултат беше 3:0. Сепак, победата на оваа репрезентација не е главната тема на овој натпревар, туку тоа е она што се случи во средината на првото полувреме.

 

Причината се временските услови. Така и Саудијците, на своја кожа почувствуваа како ќе се игра на СП. Прекините предизвикани од временските услови би можеле да прават големи проблеми на Мундијалот. Тимовите, судиите и навивачите ќе мора да се навикнат на прекините на играта предизвикани од бури и екстремни услови. Инаку, натпреварот помеѓу Саудиска Арабија и Порторико беше прекинат во првото полуврене поради громови, кои беа во радиус од 12 километри од местото каде што се играше мечот во Остин (Тексас). Прејинот траеше час и половина.

Саудиска Арабија ќе игра пријателски натпревар и со Сенегал на 10 јуни, а на Мундијалот е сместена во група со Уругвај, Шпанија и Зелено Ртските острови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk