logo
logo
logo

Фудбалската Федерација на Шпанија ги осуди навивачките напади врз тимот на Севиља

Vecer | 06.04.2026

Фудбалската Федерација на Шпанија ги осуди навивачките напади врз тимот на Севиља

Севиља како клуб во моментов се соочува со огромни проблеми. Викендов тимот загуби во Овиедо со 1:0, и тоа дополнително ја искомплицира ситуацијата, затоа што Севиља се наоѓа при самото дно на табелата и загрозен е опстанокот. Клубот нема позитивен резултат пет кола, има само две победи од јануари наваму и ситуацијата е алармантна.

По враќањето дома од гостувањето кај Овиедо, навивачите направи мини хаос пречекувајќи го тимот и приредувајќи му „топол пречек“. Навреди, закани и јавен линч во серија на играчите, но пред се на раководните структури на клубот беа видени, а истото се случи и во тренинг кампот.

Интервенираше полицијата, а денеска со писмена реакција се јави и Фудбалскиот Сојуз на Шпанија.

Во реакцијата се вели дека ваквиот начин на однесување, „ги преминува прифатливите граници на дозволена критика и спортско однесување“, и дека времето кога ваквите девијантни појави поминуваа неказнето се завршено.

 „Неказнувањето за вакви дела е завршено“ – стои во соопштението.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk