Екипата на Арсенал во рамките од 34. коло од Премиер лигата ја одработи задачата што се вели и на домашенм терен славеше со минимални 1:0 против екипата на Њукасл.
На тој начин тимот од Лондон остана сам на врвот на табелата, со сега веќе освоени 73 поени, три повеќе од второпласираниот тим на Манчестер Сити, кој што има 70 бодови, но нормално и меч помалку.
Што се однесува пак до денешниот дуел, клучниот момент се случи рано во мечот односно во деветтата минута.
Еребечи Езе погоди за водство на домашните, кое што се покажа како клучно, а воедно и недостижно за гостите.
Њукасл пак, е длабоко долу на табелата со 42 бода и четиринаесетто место.