logo
logo
logo

Фудбалерот на Челзи е пред драстична казна: Мудрик може да добие суспензија и до 4 години!

Vecer | 18.06.2025

Фудбалерот на Челзи е пред драстична казна: Мудрик може да добие суспензија и до 4 години!

ФА и официјално го обвини украинскиот репрезентативец и фудбалер на Челзи, Михаил Мудрик за прекршување на антидопинг прописите. Крилниот напаѓач на Челзи, кој не игра од ноември, може да биде суспендиран и до 4 години.

Мудрик е привремено суспендиран откако беше позитивен на допинг тест.  Се наведува дека Мудрик бил позитивен на мелдониум откако играл за националниот тим во ноември – и оттогаш немаше настап.

„Можеме да потврдиме дека Михаил Мудрик е обвинет за прекршување на антидопинг правилото, вклучително и поседување или употреба на забранета супстанца, согласно одредбите 3 и 4 од антидопинг прописите на Фудбалската асоцијација. Бидејќи случајот е во тек, во овој момент не сме во можност да коментираме за следните постапки“, изјави портпаролот на Фудбалската асоцијација.

Според правилата на Фудбалската асоцијација на Англија, Мудрик може да се соочи со дисквалификација до 4 години.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk