logo
logo
logo

Фудбалерите и стручниот штаб на Брегалница од вчера на едномесечен одмор!

Vecer | 21.05.2021

Фудбалерите и стручниот штаб на Брегалница од вчера на едномесечен одмор!

Со прием кај градоначалникот на Штип и со заеднички ручек заврши последниот ден од сезоната за фудбалерите на Брегалница и стручниот штаб. Па така од вчера започна одморот за повратникот во ПМФЛ, и то ќе трае се до некаде околу 20-25 јуни, за кога е предвидена прозивката.

Брегалница минатата сезона ќе ја памети како успешна. Доминантна беше во ВМФЛ – ИСТОК, го освои убедливо првото местио и тоа без пораз, а сега е време за конкретни чекори во пресрет на стартот на новата сезона во ПМФЛ.

Јасно е дека Брегалница има одличен тренер во името на Марјан Секуловски, има и добар играчки кадар, но јасно е дека ако се сака да се остварат амбициите, ќе мора да се засили тимот.

И тоа најмалку со по едно квалитетно име во секој дел од тимот. Тоа значи потребни се, па и неопходни се барем 4-5 нови играчи.

ФОТО: ФБ на Брегалница


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk