logo
logo
logo

Фудбалер на КПР осуден на затворска казна

Vecer | 23.02.2024

Фудбалер на КПР осуден на затворска казна

Фудбалерот на КПР, Илиас Чер е осуден на затворска казна на една година откако беше прогласен за виновен за тепачка. 26-годишниот фудбалер со камен му го пукнал черепот на возач на камион поради што е прогласен за виновен и ќе одлежи затвор во времетраење од 12 месеци, а освен тоа ќе биде суспендиран од фудбалот уште 12 месеци.
Исто така тој ќе мора да и плати на жртвата отштета во висина од 13 и пол илјади фунти. И неговиот брат Жабер кој учествувал во тепачката исто така е осуден на затворска казна.
Инцидентот се случил во летото 2020 година додека тој, брат му и неколку другари биле на одмор во Франција. Инаку играчот од средниот ред е роден во Белгија, а настапува за Мароко. Пред КПР настапувал за Лирс.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk