logo
logo
logo

Фрустрираниот Клоп, дали е на повидок разделба со Ливерпул?

Vecer | 10.02.2021

Фрустрираниот Клоп, дали е на повидок разделба со Ливерпул?

И дефинитивно Ливерпул не личи на себе, на оној во последните две години кога прво ја освои ЛШ а потоа и првата титула во Премиер-лигата по цели 30 години.

Редси“ под водство на Јирген Клоп беа “машина“, убедливо најдобриот тим во Европа, па и во светот.

Но сето тоа е само минато.

Во оваа сезона се случува хаос на “Енфилд“, повредата на Вирџил ван Дајк беше само почеток на очајните резултати на таа “машина“ на Клоп.

Се случуваа чудни работи, но фактот дека бараното засилување на Клоп во името на Калиду Кулибали од Наполи првите луѓе на Ливерпул го игнорираа, кажува многу. А тоа е дека Клоп и раководството на “редси“ не се на иста “бранова должина“, дека Германецот е гневен и дека почнал да размислува дури и за прекинување на соработката многу пред завршување на договорот во таа 2024 година. Некои медиуми на Островот шпекулираат со тоа дека Клоп уште во јуни би се вратил во својата земја и би го презел Баерн Минхен. А потоа се знае, да биде селектор на “панцирите“ на ЕП 2024 кое ќе се одржи во Германија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk