logo
logo
logo

Франција со нов кикс и го предаде врвот на сјајната Австрија на Рангник (ВИДЕО)

Vecer | 25.06.2024

Франција со нов кикс и го предаде врвот на сјајната Австрија на Рангник (ВИДЕО)

Австрија е сензационален освојувач на првото место во групата „Д“ на Еуро 2024 откако денеска со 3:2 во последното коло ја совлада Холандија, додека Франција не успеа да ја победи отпишаната Полска во Дортмунд играјќи 1:1.

Момците на Ралф Рангник ја потврдија својата компактност уште еднаш и на дуелот со Холандија покажаа дека ќе бидат фаворит од сенка и за највисок пласман. Австрија трипати водеше, Холандија двапати израмнуваше, но на крајот Австријците се радуваа на својата втора победа во групата.

Првиот гол на мечот беше всушност автогол на Мален во 6. минута, по што на стартот од второто полувреме Гакпо израмни на 1.1. Кусо потоа, Шмид во 59. минута ја врати Австрија во водство од 2:1, но Депај во 75. минута вторпат израмни – 2:2. Конечните 2:3 за Австрија ги постави Сабицер со прекрасен гол во 80. минута.

Франција ни со повратникот Мбапе не успеа да ја победи Полска. Мбапе беше стартер и успеа да го отвори резултатот со гол од пенал во 56. минута. Сепак, Полјаците не се предоадоа и со голот на Левандовски исто така од пенал во 79. минута израмнија и се изборија за прв бод во групата.

Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk