logo
logo
logo

Франција е трета во ЛН: Мбапе со гол и асистенција ја “скрши“ Германија!

Vecer | 08.06.2025

Франција е трета во ЛН: Мбапе со гол и асистенција ја “скрши“ Германија!

Нов шок за Германија. Иако четата на Јулиен Нагелсман, и поради тоа што завршниот турнир во Лига Нации се играше на нивни терен, заврши како четврта, односно последна.

По поразот во полуфиналето од Португалија, денеска во меч за 3.место подобра беше и селекцијата на Франција и тоа со 0:2 попладнево на „МХП Арената“ во Штутгарт.

Германија одигра добар меч, но не ги користеше своите шанси. Франција пак на крилјата на својот капитен Килијан Мбапе одигра на своето ниво и успеа да победи.

Прво напаѓачот на Реал Мадрид во 45 минута донесе водство од1:0, за да во 84.минута по една фантастична контра, Мбапе несебично му асистираше на Олисе на кого не му беше тешко да погоди за 2:0.

Вечерва од 21 часот на „Алијанц Арената“ во Минхен, се игра финалето меѓу Португалија и Шпанија.

Ова беше 90.меч за Мбапе во дресот на Франција и ова беше неговиот јубилеен 50 репрезентативен погодок.

ФОТО: Frennch team/X


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk