Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го претстави рангирањето на најдобрите судии врз основа на резултатите од 2024 година.
Најдобар судија според статистиката е Французинот Франсоа Летесие, кој годинава судеше неколку натпревари од Лигата на шампионите и финалето на ЕП 2024.
Второто место во рејтинг листата го зазеде Славко Винчиќ од Словенија, а првата тројка ја комплетираше Шпанецот Даниеле Орсато.
Во ТОП 5 најдобри светски судии се и Клемен Турпан од франција и Мајкл Оливер од Англија.