logo
logo
logo

ФОТО – ВЕСТ: Комесарот и селекторот се “печеа“ на Арената!

Vecer | 27.02.2021

ФОТО – ВЕСТ: Комесарот и селекторот се “печеа“ на Арената!

Деновиве во Скопје, иако сме февруари, температурите се над 20 степени Целзиусови. Идеални услови за игра за екипите на Работнички и Силекс, кои попладнево одиграа 1:1 во еден интересен натпревар.

Топло беше на теренот, но топло беше и на северната трибина каде беа комесарот за натпревари на ФФМ Игор Франговски и селекторот на репрезентацијата до 21.година Благоја Милевски, кои не пропуштија да го проследат овој натпревар.

Првиот да се увери дали е се според протоколот, а вториот да види во каква форма се младите репрезентативци, оние во редовите на Работнички.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk