logo
logo
logo

Флик и Барса се уште немаат нов договор

Vecer | 23.04.2025

Флик и Барса се уште немаат нов договор

Ханси Флик и Барселона се уште немаат потпишано нов договор.

„Марка“ објави дека двете страни начелно се договориле за продолжување на договорот за една сезона, но на хартија засега нема ништо.

Според новинарот Флоријан Плетенберг, преговорите за новиот договор на тренерот се во напредна фаза. Се вели дека договорот ќе биде до 2027 година.

Флик се чувствува неверојатно удобно во клубот и претседателот Жоан Лапорта е многу задоволен од неговата работа. Така, сите укажуваат дека ќе биде договорена нова соработка.

Продолжувањето нема да биде официјално објавено до крајот на сезоната.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk