logo
logo
logo

ФИФА спрема нов шок: СП во 2030 година во Саудиска Арабија?

Vecer | 10.06.2021

ФИФА спрема нов шок: СП во 2030 година во Саудиска Арабија?

 

Се чини дека ФИФА подготвува нов шок во однос на тоа кој ќе биде домаќин на СП во 2030 година. Ако веќе моравме да се навикнеме и дефинитивно прифатиме дека следната година Мундијалот ќе се одржи во Катар, тогаш што може да се каже дека Саудиска Арабија би можела да биде домаќин на она во 2030 година, или на стогодишнината од првото СП во 1930 година, кое беше одржано во Уругвај.

Целата оваа приказна ја најави “Њујорк Тајмс“ кој потенцира дека Мохамед бин Салман, несудениот газда на Њукасл, инаку идниот крал на Саудиска Арабија, сака по секоја цена Мундијалот да го донесе во својата земја и дека нема да штеди пари за остварување на својот сон.

Изборот за домаќин за СП во 2030 година ќе се случи во 2024 година, а конкуренти на С. Арабија се Мароко, Тунис и Алжир со заедничка кандидатура, потоа Шпанија и Португалија, исто со заедничка кандидатура и Египет.

Инаку домаќин на Мундијалот во 2026 година ќе бидат САД, Канада и Мексико.

Значи Европа и Ј. Америка ќе се начекаат.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk